• четврток, 13 март 2025

Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск

Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск

Москва, 13 март 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посети западниот руски регион Курск за првпат откако украинските сили зазедоа дел од територијата во регионот.

Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија.

– За волја на вистината, во најкус можен рок треба конечно да го победиме непријателот кој е вкоренет во Курската област и се уште спроведува одбранбени дејствија овде, рече Путин во своето обраќање до рускиот воен врв.

Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, го информира претседателот дека украинските сили во областа Курск сега се опколени.

- Во тек е нивно систематско уништување, рече Герасимов.

Но, командантот на украинската армија, Олександр Сирски, на Фејсбук објави дека борбите продолжуваат во предградијата на градот Суџа и дека украинските сили ќе продолжат да дејствуваат таму „се додека тоа е неопходно и има смисла“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан