• петок, 22 ноември 2024

Кредитирањето на домаќинствата зголемено за 7,6 отсто, раст кај станбените, а пад кај автомобилските кредити

Кредитирањето на домаќинствата зголемено за 7,6 отсто, раст кај станбените, а пад кај автомобилските кредити
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Кредитите на домаќинствата во септември се зголемени за 0,7 % на месечно ниво. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се повисоки за 7,6 %, како резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со малку поизразен придонес на кредитите во денари, покажуваат податоците на Народната банка. Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,8 % и 0,9 %, соодветно, при годишен раст од 6,7 % и 12,9 %, соодветно. Според ревидираните податоци, кај автомобилските кредити е остварен месечен пад од 0,5 %, при годишен раст од 0,8 %. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1 %, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2,0 % на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2 % на месечно ниво и 17,1 % на годишно ниво. Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечен раст од 1,1 %, а годишен од 12,6 %. Нагорната промена по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со малку поголем придонес на кредитите во странска валута. са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан