• четврток, 02 мај 2024

Крводарителска акција со 82 крвни единици во Делчево

Крводарителска акција со 82 крвни единици во Делчево

Делчево, 4 април 2024 (МИА) - Во Делчево денеска е реализирана крводарителска акција, во организација на општинската организација на Црвен крст, од каде информираа дека во рамки на истата хуманите граѓани подариле 82 крвни единици.

- Се работи за редовна крводарителска акција која може да ја окарактеризираме како успешна, бидејки е собрана бројка која е над очекуваното. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите хумани граѓани кои и денес ја искористија шансата и подарија од капката која живот значи, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Според годишниот план за работа, бројката на собрани крвни единици како што додадоа оттаму, заклучно со месец април е на задоволително ниво.

- Како општинска организација задоволни сме од одзивот и на крводарителите од Делчево, но и на оние од Македонска Каменица кои неколку пати во годината имаат можност да се вклучат во крводарителските акции, додоа од Општинската организација.

Следната крводарителска акција според планираното во Делчево ќе се одржи на почетокот на месец мај 2024 година. вс/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан