Крводарителска акција со 72 крвни единици во Делчево
- Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска се реализираше крводарителска акција на која беа собрани 72 крвни единици.

Делчево, 3 април 2025 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска се реализираше крводарителска акција на која беа собрани 72 крвни единици.
Меѓу крводарителите беше и Виолета Велиновска Пецова од Македонска Каменица, родум од Делчево, која досега девет пати била дел од крводарителската акција.
-Ова ми е 9-ти пат и чувството да спасиш човечки живот е неопишливо. Секогаш кога можам дарувам крв и апелирам до младите да даруваат што повеќе иако мислам дека и денес доста средношколци даруваа крв, истакна Пецова.
Од Црвен крст Делчево изразија благодарност до сите хумани граѓани кои денеска даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот.
-И денеска крводарителите беа на ниво на задачата и продонесоа да ја оствариме посакуваната бројка на крвни единици, додадоа од Црвен Крст Делчево.
Следната крводарителска акција во Делчево е закажана на почетокот на месец мај 2025 година.вс/бт/
Фото: МИА