• недела, 30 јуни 2024

Крводарителска акција за Денот на извидниците

Крводарителска акција за Денот на извидниците
Кичево, 22 февруари 2022 (МИА) - Членовите на извидничкиот одред „Мирко Милески“ Кичево, Светскиот ден на извидништвото 22 февруари, го одбележуваат со повеќе активности и тоа со искачување на врвот на Илиница, еколошки акции и со крводарителска акција што ја организираат во соработка со ОО на Црвен крст Кичево. - За Светскиот ден на извидништвото, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Кичево, во нивните простории организиравме крводарителна акција во која се вклучија и поголем број на членови на извидничкиот одред „Мирко Милески“ Кичево и од собраните 22 единици на крв добар дел се извидници, изјави Благојче Секулоски, комесар на одредот, нагласувајќи дека интересот за крводарување  во одредот секоја година е се поголем. Според него, радува фактот што секоја година интересот на младите од извидничкиот одред  да подарат дел од најдрагоцената течност е се поголем, а има интерес и од извидници кои се помлади од 18 години. Секулоски информира дека од одредени причини девет членови од извидничкиот одред не можеле да подарат крв. за/цр

Остани поврзан