„Вреди“: Посветени сме на подобро и поевтино полнење на кошничките со храна
- СООПШТЕНИЕ: Коалицијата ВЛЕН промовира мерки насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизирање на инфлацијата. Во таа насока, усвојувањето на измените на Законот за заштита на потрошувачите, со кои трговците се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на нивните веб-страници, е важен чекор кон транспарентност и пофер конкуренција на пазарот.

Скопје, 2 март 2025
Коалицијата ВЛЕН промовира мерки насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизирање на инфлацијата. Во таа насока, усвојувањето на измените на Законот за заштита на потрошувачите, со кои трговците се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на нивните веб-страници, е важен чекор кон транспарентност и пофер конкуренција на пазарот.
Со тоа се гарантира дека цените на основните производи нема да се надувуваат според профитабилните потреби на трговците кои имаат за цел да се збогатат на сметка на народот. Значи, веќе не може преку ноќ да поскапуваат прехранбените производи. Затоа што тоа ги оптоваруваше џебовите на нашите граѓани, предизвикувајќи месечните трошоци само уште повеќе да се зголемуваат.
На оваа ера дојде крајот, особено сега кога влеговме во светиот месец Рамазан, каде што муслиманските верници и сите други граѓани треба да ги наполнат трпезите и да се солидаризираат еден со друг. Сега преку наведената мерка граѓаните ќе имаат можност да ги полнат кошничките со реални пазарни цени, а не со цени кои незаконски се менуваат преку ноќ.
Со новите законски измени, средните и големите компании ќе имаат обврска да ги објавуваат цените на своите производи на интернет, за да им овозможат на граѓаните појасен преглед и можност да ги изберат најповолните понуди. Исклучок од оваа обврска се микротрговците и малите дуќани. Овој закон, кој се очекува деновиве да излезе во Службен весник, ќе стапи на сила во рок од 45 дена од објавувањето, а прописите за негова примена ќе бидат објавени во наредните 10 дена.
Оваа одлука доаѓа по мерките што ги презема Владата за ограничување на профитните маржи за 102 групи основни и хигиенски прехранбени производи, како и за утврдување најгорни цени за 8 групи најосновни прехранбени производи. Овие мерки се во сила и ќе траат до 30 април и ги опфаќаат празниците Рамазан и Велигден.
Државниот пазарен инспекторат започна инспекции на терен за да се обезбеди почитување на овие мерки. До крајот на неделата се очекува да се изврши надзор во над 1.000 стопански објекти, по што ќе бидат објавени податоци за усогласеноста на трговците со одлуките на Владата. Констатираните прекршувања ќе се казнуваат со парични казни од 500 до 10.000 евра, додека во случај на повеќекратно непочитување, маркетите исто така може да се соочат со привремено затворање на 15 дена.
Коалицијата ВЛЕН смета дека овие мерки ќе донесат поголема транспарентност на пазарот, ќе промовираат фер конкуренција меѓу трговците и пред се ќе помогнат да се намалат цените на прехранбените производи. Нашите граѓани заслужуваат правични и ефикасни политики кои ги штитат нивните интереси и обезбедуваат подобар животен стандард.
ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи спроведувањето на овие мерки и да бара одговорност за секоја одлука што ги засега нашите граѓани.
Коалиција „Вреди“
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Фејсбук