• недела, 24 ноември 2024

Кражба на струја во Кавадарци 

Кражба на струја во Кавадарци 

Кавадарци, 13 ноември 2024 (МИА) - Кражба на струја билa пријавенa во кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Вчера во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, од ЕВН Македонија било пријавено дека на улица „Клинска“ во градот била извршена кражба на електрична енергија. По излегување на лице место од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци  и екипа на ЕВН, било констатирано дека од страна на НН лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на самата мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, појаснија од СВР Велес. 

Синоќа во 23.50 часот, во  ОВР Кавадарци, П.Д.(18) од овој град  пријавила дека во угостителски објект во градското подрачје,  била физички нападната од М.Н. од село Сопот, кавадаречко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Од СВР Велес соопштија дека на 10 ноември во 14 часот, по претходно издадена наредба од кавадаречкиот  Основен суд, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бил извршен претрес во викендица на Тиквешко езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци и во објект до викендицата што тој го користел. Притоа   биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Брно-мод2“ и оптички нишан „Гамо“, што ги поседувал без соодветна дозвола, по што С.П. бил лишен од слобода. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава. свд/сст/

 

Остани поврзан