• вторник, 23 јули 2024

Коњановски: Заеднички со битолчани ќе го обновиме Копанки

Коњановски: Заеднички со битолчани ќе го обновиме Копанки
Битола, 24 октомври 2021 (МИА) - Заедно денеска го чистевме делот околу ски патеката Копанки, истакна кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски. Во изјава за медиумите Коњановски рече дека Копанки треба да биде современ рекреативен центар, а не само скијачка патека од еден километар. -Пелистер беше главното ветување на СДСМ пред 4 години и за 4 години, СДСМ на Пелистер остави само 1 км ски патека на која оперира жичница градена со самопридонес пред децении. На Пелистер се уште има споменици од некогашното колективно летување, се уште стои распаднато Детско Одморалиште, се уште стои изгорениот до темел Планинарски Дом Копанки. Работењето за Пелистер да биде современ рекреативен центар не подразбира косење на тревата . Ако тоа е ревитализацијата која СДСМ може да ја понуди за Пелистер, ги повикуваме веднаш да се откажат, ќе ја средиме ние битолчани, сами, како денеска, кога се собравме сите заедно да го исчистиме и освежиме овој дел околу патеката Копанки. Пелистер заслужува заради нас, заради битолчани, да биде современ зимски и летен рекреативен Центар, изјави Коњановски. Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски, посочи дека Пелистер ќе биде место кое ќе привлече посетители од поширокиот регион и дека ќе прерасне во туристичка атракција почитувајќи ги еко стандардите како најстар Национален Парк во регионот. мт/аа/

Остани поврзан