• четврток, 14 ноември 2024

Убиствo во Дебреше, едно лице приведено

Убиствo во Дебреше, едно лице приведено

Гостивар, 23 јули 2024 (МИА) – Едно лице починало од повреди нанесени со огнено оружје, попладнево во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените. Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

-Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото, наведува портпаролот Реџепи.

Во тек се дополнителни мерки и увид за расчистување на случајот.

Дебреше е едно најнаселените села во Гостиварската општина. згм/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан