• недела, 19 мај 2024

Кошаркар од НБА изјави дека се одржуваат тренинзи во затворени простории

Кошаркар од НБА изјави дека се одржуваат тренинзи во затворени простории
Њујорк, 5 мај 2020 (МИА) - Некои играчи од НБА спроведуваат тајни тренинзи во сали кои не ги дозволува лигата, објави „Њујорк тајмс“. Изворот се повикува на еден од кошаркарите на клуб од Западната конференција, чие име не се соопштува. Во моментов, ниту еден играч или клуб не смее да тренира во клупските бази или во која било спортска сала поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан