• петок, 03 мај 2024

Кошаркарките на Крива Паланка го изненадија МЗТ Скопје

Кошаркарките на Крива Паланка го изненадија МЗТ Скопје

Крива Паланка, 3 декември 2023,( МИА) – Екипата на Крива Паланка викендов приреди вистинско изненадување со победата 67:53 над фаворитот МЗТ Скопје Аеродром во домашното женско кошаркарско првенство. 

Предводнички до триумфот на домашната екипа беа Алексовска Михаела и Американката, Ашиа Мккала,кои заедно забележаа 43 поени, од кои дури 27 од зад линијата за 6.75, надополнети од десетте поени на новото засилување на центарската позиција, Џордан Хавкинс, со единаесет скокови.

По овој пораз МЗТ Скопје падна на третата позиција, а паланчанки се зацврстија на петтата позиција на првенствената табела.

Во првата А лига во ова осмо коло од домашниот шампионат, викендов Вардар го победи Бадел 1862 на домашен терен, со резултат 67:41, а денес играат ЖКК Куманово Гризли против Пробаскет, додека колото го заокружуваат Баскет Кам и Струга на 5 декември. ид/зс/

Остани поврзан