• понеделник, 23 декември 2024

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата

Манчестер, 3 мај 2024 (МИА) - Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на локалните спортски новинари.

Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна 16 гола и запиша седум асистенции.

Во ФА купот одигра четири натпревари на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите запиша осум натпревари, пет гола и три асистенции.

Манчестер Сити го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Реал Мадрид, па борбата за европски првак за нив е завршена, но се уште има шанса да се бори за титулата во Премиер лигата. Арсенал моментално е прв на табелата во англискиот фудбалски шампионат со 80 бодови, додека Сити има бод, но и натпревар помалку, па крајот на сезоната ќе биде неизвесен.

Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан