• среда, 03 јули 2024

Коцевски се извини за несобраниот смет и за пожарот на Градската комунална депонија на Велес

Коцевски се извини за несобраниот смет и за пожарот на Градската комунална депонија на Велес
Велес, 13 август 2021 (МИА) -  Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на денешната прес конференција во свое и во име на ЈКП „Дервен“ им се извини на граѓаните за нередовното собирање на отпадот и празнење на контејнерите за отпад на домаќинствата и правните субјекти, како и за настанатиот пожар на депонијата за цврст комунален отпад, што доведоа до загадување на животната средина со ПМ10 честички и до нарушување на квалитетот на воздухот. Државниот инспекторат за животна средина заради утврдените неправилности на ЈКП „Дервен“ му израче и глоба од 3000 евра. - Причина за несобирање на цврстиот комунален отпад овие денови беше пожарот кој настана во депонијата и околината на депонијата затоа што вработените од Работната Единица „Комунална хигиена” беа ангажирани во гаснењето на пожарот, појасни  Коцевски. Според Коцевски, депонијата, која е нестандардна и без систем за одведување на депонискиот гас, последен пат е опожарена на 20 август 2018 година, а ЈКП „Дервен” врши 24-часовен надзор на депонијата. Тој информира дека се поставени уште два нови подземни контејнери, во близина на СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, а во тек се градежните работи за поставување на подземен контејнер и на улица „Гоце Делчев” во центарот на градот, со што во Велес вкупно се веќе поставени 11 подземни контејнери. ад/цр

Остани поврзан