• недела, 24 ноември 2024

Костовски: Со усвојување на уставните измени се забрзува процесот на интеграција во ЕУ

Костовски: Со усвојување на уставните измени се забрзува процесот на интеграција во ЕУ

26 јули 2023 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со своите последни изјави Христијан Мицкоски како да ја оправдува досегашната блокада од Бугарија.

Мицкоски под заложништво на Димитар Апасиев прави сè за да ја оддалечи државата од ЕУ.

Мицкоски треба да знае дека нема европска и македонска агенда, европската агенда е и македонска агенда, стратешка определба на огромното мнозинство македонски граѓани.

Секој што сака да ја извади Македонија од европската агенда одработува за туѓи интереси и не и мисли добро на граѓаните.

Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ, работи против повисок економски стандард, пристап до нови фондови и повеќе можности за граѓаните.

Мицкоски и ДПМНЕ со своите изјави и постапки, го прават токму тоа.

Еднаш велат дека се потребни уставни измени, потоа се против, потоа велат дека се на европскиот пат, за веднаш потоа кажат дека имале поинаква агенда од европската агенда, што е стратешка определба на македонското општество.

Уставните измени се последната шанса, Мицкоски и ДПМНЕ да се престројат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина се за членство на државата во ЕУ.

Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина, затоа сите пратеници треба да дадат поддршка за усвојување на уставните измени со кои се забрзува процесот на интеграција во ЕУ.

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан