• петок, 22 ноември 2024

Костовски: Покренете постапка за отказ и кривична одговорност на наставникот од ОУ „Панајот Гиновски“

Костовски: Покренете постапка за отказ и кривична одговорност на наставникот од ОУ „Панајот Гиновски“
Скопје, 23 октомври 2021 Малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето. Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2. Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник. Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот. Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ. Одговорност мора да има. На насилниците не им е местото во училиштата. Наставникот треба да образува и воспитува, а не да застрашува, малтретира и шиканира. Децата од учичиште мора да излезат со знаење, а не со трауми. Стоп за насилството врз децата. Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет. Фејсбук статус на Дарко Костовски Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни не доследности или печатни грешки.

Остани поврзан