Костадинов ја прими наградата наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“
- Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години.
Струмица, 19 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години.
Струмичкиот градоначалник наградата ја доби за особена заслуга во трансформацијата на градови и добро менаџирање.
- Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце, објави Костадинов на својот фејсбук профил.
Одлуката за наградата на Костадинов му беше соопштена на 5 февруари годинава од страна на амбасадорот Јордан Плевнеш за време на посетата на Струмица. рт/сст/
Фото: Општина Струмица