• четврток, 21 ноември 2024

Костадинов објави дека водата за пиење во Струмица е исправна

Костадинов објави дека водата за пиење во Струмица е исправна

Струмица, 28 октомври 2024 (МИА) – Анализите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) покажаа дека водата од водоводната мрежа во Струмица е питка, соопшти градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Во неговата објава на својот Фејсбук профил наведува дека анализите од АХВ, три акредитирани приватни лаборатории и Центарот за јавно здравје Струмица, ги побиле резултатите од Инстиутот за јавно здравје. 

– Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, три акредитирани приватни лаборатории и Центар за јавно здравје Струмица ги побија резултатите на Институтот за јавно здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани, стои во објавата на Костадинов.

Тој им се заблагодари на лицата од АХВ што го потпишале решението за укинување на забраната.

– Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната! На сите кои се ситевте, во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана „Турија“, напиша Костадинов.

Водата за пиење во Струмица и шест населени места беше забранета за употреба пред еден месец заради зголемено присуство на манган и во последните мерења заради зголемено присуство на колиформни бактерии. рт/ра

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан