Костадинов: Жителите во Општина Чешиново-Облешево ќе добијат питка вода за пиење
- Поплавите во Општина Чешиново-Облешево се ставени под контрола. Кризниот штаб утринава заседавал со цел да се преземат мерки, кои ќе им помогнат на граѓаните чии дворови, подруми, но и земјоделски култури беа под вода, откако се излеја Кочанска река и каналите за наводнување и одводнување во населените места.
Штип, 1 декември 2025 (МИА) – Поплавите во Општина Чешиново-Облешево се ставени под контрола. Кризниот штаб утринава заседавал со цел да се преземат мерки, кои ќе им помогнат на граѓаните чии дворови, подруми, но и земјоделски култури беа под вода, откако се излеја Кочанска река и каналите за наводнување и одводнување во населените места.
Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов, кој денеска присуствуваше на конститутивната седница на Советот на градоначалници на источно-планскиот регион во Штип вели дека општината заедно со Црвен крст ќе обезбедат питка вода за граѓаните на населените места, кои викендов беа зафатени со поплави. Овие населени места не можат да ја користат водата од бунарите бидејќи е загадена, откако се измешаа атмосферската со водата од канализациската мрежа.
-Утрово заседаваше кризниот штаб, ги повикавме сите надлежни институции и дадовме насоки на кој начин ќе продолжиме да постапуваме во врска со поплавите кои ја зафатија територијата на нашата општина. Во моменотот ќе направиме акција за доставување на вода за пиење, вели Костадинов.
Тој додаде со тешка механизација на компанијата „Бехтел и Енка“ ќе се пристапи и кон расчистување на коритото на Кочанска река со што се очекува поплавите да бидат минато, ќе се чистат и каналите за наводнување и ќе се врши и дезинфекција во училиштата.
-Затоа го информиравме кризниот штаб за точно да ги лоцираме потребните точки кои ја прават целокупната штета. Со соодветна мехнизација ќе се пристапи на терен кон чистење на т.н. бугарски канал и ќе биде исчистен во најбрз можен рок, рече Костадинов.
Граѓани од утринава пријавуваат штети од поплавите, а потоа комисија ќе оди на терен да ја види фактичката состојба. За само неколку час пристигнати се десетина пријави за штети. Од обилните врнежи од дожд изминатата недела беа погодени неколку населени места во Општина Чешиново Облешево, граѓаните се соочуваат со поплавени дворови, ниви и земјоделски посеви. вдј/мд/
Фото: МИА