• вторник, 14 мај 2024

Костадиновска-Стојчевска на работен состанок со директорите на националните установи од културата

Костадиновска-Стојчевска на работен состанок со директорите на националните установи од културата

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорите на институциите кои се под надлежност на Министерството денеска на состанок разговараа за прашања поврзани со тековните активности и проектите што планираат институциите да ги реализираат до крајот на годината.

На состанокот, како што соопштија од Министерството, Костадиновска-Стојчевска посочила оти очекува повеќе проекти и посодржајни програми за идната година. Таа додаде дека ќе продолжи поддршката од Министерството со цел подобрување на видливоста и динамиката на работата на институциите од областа на културата.

Директорите на институциите од областа на културата се осврнаа на досегашната реализација на проектите, но ги посочија и тековните предизвици со кои се соочуваат при работењето. Во таа насока, од страна на министерката било укажано дека заедно ќе работат за надминување на проблемите, за зајакнување на капацитетите и за подобрување на целокупниот делокруг на работа.

На крајот од средбата, Костадиновска-Стојчевска посочила дека Владата го препознава и го вреднува придонесот на вработените за културен напредок, како и за заштита и промоција на културното богатство. Таа потенцираше дека по три години, успешно е решено и прашањето за платите на директорите во културата, кои не се зголемуваа, наспроти покачувањето на платите на вработените во секторот во согласност со Колективниот договор за култура.

Од Министерството за култура потенцираат дека од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати од 40 до 50 отсто, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата.

-Министерството за култура обезбеди над 37,6 милиони денари за исплата на годишен регрес за годишен одмор за 2023 (К-15) на вработените во националните и локалните установи од областа на културата. Во текот само на оваа година околу 3400 културни работници двапати добија покачување на платите и за првпат К-15, во паричен надоместок, се вели во соопштението на Министерството.бт/aa/

Фото/Министерство за култура

Остани поврзан