• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон

Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон ќе биде промовирана вечер со почеток од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Промотори на книгата се Христо Петрески и Марина Мијаковска, информираат организаторите преку соопштение.

- Виктор Радун Теон живее во Нови Сад. Тој магистрирал на Економскиот факултет во Суботица во 2003, а докторирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад во 2006 година. Работи како професор по екологија, економија и менаџмент на Факултетот за применета екологија „Футура“ на Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Пишува поезија, проза, есеи и критики. Се занимава со филозофија и студии за иднината. Неговата поезија е преведена на шпански, руски, арапски, романски, македонски, словенечки и бугарски јазик. Има објавено 11 книги, 67 научни и стручни трудови, педесетина есеи, литературни критики и прегледи, седум учебници и превел преку 30 книги од англиски на српски јазик, се наведува во соопштението. бд/мд/

Фото: Соопштение

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан