• четврток, 21 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска во Корча: Ги афирмираме македонскиот јазик и култура

Костадиновска-Стојчевска во Корча: Ги афирмираме македонскиот јазик и култура

Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски, претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов и амбасадорот на Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски.

Целта на работната посета, како што соопшти Министерство за култура, била финализирање на подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

 -Грижата за идентитетските особености, со акцент на негување на јазикот и на културните вредности се врвни приоритети на Владата на Република Северна Македонија, истакнала Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура, како што се наведува во соопштението, имала средба и со ректорот на Универзитетот, проф. Димитар Бело, на која биле разменети идеи за конкретна соработка меѓу Педагошкиот факултет од Битола и Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

Министерката Костадиновска-Стојчевска за време на посетата остварила средба со градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, со кого разговарала за планираните активности околу организирањето на Денови на македонската култура во Корча, кои би се реализирале во втората половина на октомври. дма/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан