• петок, 17 мај 2024

Косор се надева дека излезноста на изборите во Хрватска ќе биде над 60 проценти

Косор се надева дека излезноста на изборите во Хрватска ќе биде над 60 проценти

Загреб, 17 април 2024 (МИА) – Поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор изрази надеж дека излезноста на денешните парламентарни избори на крајот ќе надмине 60 отсто.

- Кога барем излезноста би стигнала до 60 проценти. Или повеќе. Тогаш навистина би можеле да зборуваме за волјата на гласачите. Ајде луѓе, искористете го своето право. Мандатите се во ваши раце, напиша Косор на X.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 16 часот и 30 минути излезноста била 50,6 отсто што е значително поголема од 2020 година, кога во истиот период излезноста била 34,04 отсто.

Во Хрватска денеска се одржуваат 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои ќе се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.

Право на глас имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година. Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства. јт/

Остани поврзан