• петок, 05 декември 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

Приштина, 20 ноември 2025 (МИА) - Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот на земјата, јави весникот „Коха диторе“.

До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово.

Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот Парламент.

Според косовскиот Устав, претседателот на земјата треба да распише избори, кои мора да бидат организирани во рок од 40 дена од денот на нивното објавување. ссм/

фото: архива

Остани поврзан