Концерт ,,Изненадувања - класична музика за деца“ во Делчево
- Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" и продукцијата „Триангл“ во Делчево се одржа концерт насловен ,,Изненадувања - класична музика за деца".
Делчево, 19 септември 2023 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков - Вапцаров" и продукцијата „Триангл“ во Делчево се одржа концерт насловен „Изненадувања - класична музика за деца".
Во преполната киносала, во Делчево, дечињата уживаа во оригиналниот музички перформанс кој на едукативен начин преку игра и песна, ја доближува класичната музика до младата публика и ја буди нивната фантазија.
-На настанот учество зедоа ученици од ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „ Ванчо Прке“.
Се работи за концерт од нов вид, кој по својата форма претставува иновативен и оригинален проект, со богато музичко претставување. Музиката е аранжмански обработена и селектирана, се со цел да допре до децата, истакнаа од Центарот за култура во Делчево.
Преку ваквите проекти кои се поддржани од Министерството за култура, како што додадоа од продукцијата се промовира и едуцира стилска и жанровска музичка разновидност, преплетена со драмско дејство кое е адаптирано за возраста на публиката.
Продукција „Триангл“ се состои од проефeсионални музичари и соработници, кои во период од 10 години од своето постоење, има реализирано повеќе од 1.700 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории. вс/љм/
Фото: МИА