• недела, 12 мај 2024

Конференциска лига: Астон вила гостува кај Ајакс, балканско дерби во Загреб

Конференциска лига: Астон вила гостува кај Ајакс, балканско дерби во Загреб

Нион, 23 февруари 2024 (МИА) - Ждрепката во Нион ни ги донесе и двојките од осминафиналето на Конференциската лига. Убедливо најинтересна ќе биде пресметката на двајцата поранешни освојувачи на Лигата на шампионите - Ајакс и Астон Вила.

Фенербахче ќе гостува во Белгија на Унион Сент Жилоаз, а ПАОК патува во Загреб кај Динамо во балканското дерби.

Првите натпревари се закажани за 7 март, реваншите седум дена подоцна. 

Финалето е закажано за 29 мај, кога на „АЕК Арената“ во Атина силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи.

Двојки од осминафиналето во Конференциската лига:

Сервет - Викторија Пилсен
Ајакс - Астон Вила
Молде - Клуб Бриж
Унион Сент Жилоа - Фенербахче
Динамо Загреб - ПАОК
Штурм - Лил
Макаби Хаифа - Фиорентина
Олимпијакос - Макаби Тел Авив. дс

Фото: УЕФА/Твитер

Остани поврзан