• недела, 22 декември 2024

Конститутивна седница на Советот за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудството (2024–2028)

Конститутивна седница на Советот за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудството (2024–2028)

Скопје, 23 мај 2024

Конститутивна седница  на Советот за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028) 

Советот се формираше заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. 

На  седницата, на присутните им се обрати претседавачот на Советот, министерот за правда Кренар Лога. 

„Со оглед на тоа што како држава треба да испорачаме резултати во однос на реформските процеси во земјата, бидејќи се надеваме дека многу скоро ќе ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската унија, донесувањето на оваа Стратегија беше од исклучителна важност која во иднина ќе се цени и од аспект на усвојување на Реформската агенда на Република Северна Македонија од страна на Советот на Европската Унија”,рече во своето обраќање министерот Лога. 

Визијата на Развојната секторска стратегија за правосудството (2024 – 2028) година е независно, одговорно, транспарентно и достапно правосудство, отпорно на внатрешни и надворешни влијанија, кое ги штити човековите права и обезбедува владеење на правото на ефикасен начин. 

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план. 

Ова тело е поддржано од страна на експерти од Проектот на ЕУ за владеење на правото, а на денешната седница експертот Славен Лекиќ информираше за активностите кои што се преземени од нивна страна за успешно спроведување на Стратегијата. Иако беа поканети и претставници од ВМРО-ДПМНЕ со цел да дадат свои предлози и сугестии, тие не присуствуваа на седницата. Советот заклучи дека во континуитет треба да се продолжи со активностите и следење на реформите во правосудството. 

Министерство за правда

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МП

Остани поврзан