• петок, 05 декември 2025

Конститутивната седница на албанскиот парламент на 10 септември, опозицијата се уште без став дали ќе ги прифати пратеничките мандати

Конститутивната седница на албанскиот парламент на 10 септември, опозицијата се уште без став дали ќе ги прифати пратеничките мандати

Тирана, 21 август 2025 (МИА) - Конститутивната седница на новиот албански парламент, кој произлезе од изборите на 11 мај, ќе се одржи на 10 септември.

Врз основа на деловникот за работа на законодавниот дом, првата седница ја отвора и ја води најстариот пратеник во парламентот.

Според податоците, најстариот пратеник во парламентот е лидерот на опозициските демократи, 81-годишниот Сали Бериша. Доколку тој одбие, тогаш следниот е друг демократ, Тритан Шеху (76)  а ако и тој одбие тогаш на ред ќе биде социјалистот Васил Љајо (68), кој за првпат седнува на собраниско столче.

На првата седница по верификацијата на мандатите и полагањето заклетва, ќе биде избран претседател на парламентот. Кандидат за претседател може да предложат најмалку 15 пратеници, се избира без дебата и со тајно гласање со мнозинство гласови.

На 11-те парламентарни избори, по патот на комунизмот, 83 мандати обезбеди владејачката Социјалистичка партија, 50 изборната коалиција  предводена од Демократската партија, три мандати  Социјалдемократската партија, два Партијата на можности и по еден „Албанија станува“ и  Движењето „Заедно“.

Од 140 пратеници колку што брои албанскиот парламент, за првпат избрани се 72 од нив, според полот 50 се жени а што се однесува до професијата  доминираат економисти, 31 и правници, 27, лекари се 12, меѓу нив и кадрилогот Сали Бериша, осум се инжињери, исто толку просветни работници и дипломирани социолози и за првпат четворица поранешни новинари. 

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, кој во континуитет  не ги признава резултатите нарекувајќи ги „изборна манипулација“ денеска не даде прецизен одговор дали опозицијата ќе ги прифати пратеничките мандати. 

Рече дека „деновиве ќе се состанат партиските форуми, кои ќе донесат одлука во врска со мандатите на опозицијата, дали ќе бидат прифатени или ќе има друг пристап". вт/

Фото: Парламент архива

Остани поврзан