• сабота, 22 јуни 2024

Конститурано собранието на град Белград, Никола Никодијевиќ избран за претседател

Конститурано собранието на град Белград, Никола Никодијевиќ избран за претседател

Белград, 21 јуни 2024 (МИА) - По декемвриските избори 2023 и новите јунските избори за градот Белград, денеска конечно е конститурано собранието на Град Белград, Никола Никодијевиќ од СПС е избран за нов претседател, а кандидатот за градоначалник на СНС, Александар Шапиќ ќе се избира следната недела, јави дописникот на МИА од Белград.

На денешната конститутивна седнца на собранието на град Белград, за разлика од изборите во декември 2023 година, сосема извесно беше дека коалицијата околу СНС-СПС ќе формира власт, имајќи предвид дека на јунските избори освои апсолутно мнозинство од 64 советници, од 110 колку брои градското собрание на Белград.

На гласањето за кандидатот на СПС Никола Никодијевиќ за претседателот на градското собрание, од 72 одборници кои гласаа, тој беше подржан од 60, со што по четврти пат беше избран за ова функција.

-Суштината на нашата изборна кампања е Белград во 2027 година, кој вклучува голем број на проекти кои ќе го променат животот на градот. Ја започнавме изградбата на метрото, ја завршуваме обиколницата околу градот, домаќини сме на ЕКСПО 2027, планираме два тунела, работиме на продолжување на белградскиот воз за сите општини да се приклучат на метрото, што треба да започне во 2028 година. Тоа се огромни проекти за кои се потребни огромни финансиски средства и стручни луѓе кои ќе можат да ги спроведе, изјави Никодијевиќ и најави дека следната недела ќе се избере градоначалник, од редовите на коалицијата на СНС-СПС, а кандидат е досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

Во Градскиот собарние покрај листата на коалицијата СНС-СПС „Александар Вучиќ – Белград утре“ со 64 мандати, се и девет одборници на листата на д-р Бранимир Несторовиќ „Ние сме силата на народот“ и два одборници од Руската партија.

Опозицијата од движењето „Д-р Саво Манојловиќ - И јас сум Белград - Крени Промени“ кое има 21 одборник изјави дека ќе ги верификуваат советничките мандати, а потоа во знак на протест ќе ја напуштат седницата на белградското Собрание.

Од втората опозицска коалиција „Го избираме Белград - Добрица Веселиновиќ - Милош Павловиќ“ која има 14 одборници, кандидатот за градоначалник даде оставка на мандатот во собранието, додека останатите од оваа коалиција порачаа дека ќе учествуваат на седницте на градското собрание на кои борбата же им биде начин на спротивставување на владеачката коалиција.

На јунските избори за градот Белград, најголемите опозициски партии-ССП на Драган Ѓилас, ДСС на Милош Јовановиќ, движењата Срце и Заедно ги бојкотираа изборите. об/

Остани поврзан