• сабота, 23 ноември 2024

Констатирани неправилности во отпади во скопски Карпош

Констатирани неправилности во отпади во скопски Карпош

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Акциска контрола на шест правни лица - отпади на подрачјето на Карпош во Скопје извршиле вчера полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Како што соопшти МВР, при тоа во рамки на контролата во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

-За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции, наведуваат од МВР. вг/лв/

 

Фото: Архива

Остани поврзан