Консеисао: Не можев да му кажам не на Милан
- „Интензивно го живеам фудбалот и сè околу него, па сакам и моите играчи и навивачите да бидат такви, изјави вечерва 50-годишниот португалски стратег Серџо Консеисао на официјалната промоција во нов тренер на Милан.
Милано, 31 декември 2024 (МИА) – „Интензивно го живеам фудбалот и сè околу него, па сакам и моите играчи и навивачите да бидат такви, изјави вечерва 50-годишниот португалски стратег Серџо Консеисао на официјалната промоција во нов тренер на Милан.
Консеисао потпиша договор со италијанскиот гигант до крајот на јуни 2026 година и на клупата го замени сонародникот Пауло Фонсека.
Милан е осмопласиран на табелата во Серија А, додека во Лигата на шампионите е на 12. место со четири победи и два порази.
„Со Милан сè се случи многу брзо, а јас не можев да му кажам не на еден од најдобрите клубови во светот. Тренерската работа е стресна и морам да признаам дека веќе го почувствував стресот во Милано. Но, тоа е сосема во ред, не можам да барам ништо друго. Ќе имаме време да разговараме за детали, за промена на системот, динамиката и сè останато“, додаде Консеисао, чиј последен ангажман беше на клупата на Порто на која седеше од 2017 до оваа година.
Дебито на Консеиао на клупата на Милан ќе биде на гостувањето кај големиот ривал Јувентус на 3 јануари. ег
ФОТО: Икс