Конашенов: Херсон е под целосна руска контрола
- Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенов изјави дека руските сили презеле целосна контрола врз целата територија на област Kерсон, јужна Украина
Москва, 15 март 2022 (МИА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенов изјави дека руските сили презеле целосна контрола врз целата територија на област Херсон, јужна Украина.
Според руското Министерство за одбрана, руските сили собори шест беспилотни летала Бајрактар ТБ-2 во изминатите 24 часа.
Се претпоставува дека Русија би можела да организира референдум во Kерсон, во обид да ја легитимира областа како отцепена република, како што се случи во Доњецк и Луганск. ми/