• понеделник, 15 јули 2024

Компаниите во еврозоната очекуваат платите да се зголемат за 3,3 отсто во текот на следната година

Компаниите во еврозоната очекуваат платите да се зголемат за 3,3 отсто во текот на следната година

Брисел, 15 јули 2024 (МИА) - Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да пораснат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Процентот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната.

Компаниите исто така ги намалија очекувањата за раст на продажните цени во следните 12 месеци и сега веруваат дека тие ќе се зголемат за три отсто, додека пред три месеци очекуваа цените да се зголемат за 3,3 отсто. зш/

Остани поврзан