• недела, 21 јули 2024

Задолжувањата за пругата со Бугарија пред Комисијата за финансирање и буџет

Задолжувањата за пругата со Бугарија пред Комисијата за финансирање и буџет

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Железничкиот коридор VIII - источна делница МК, делница Крива Паланка - граница меѓу Северна Македонија и Бугарија, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Железничкиот Коридор VIII – Фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија и Предлог законот за задолжување на државата кај Европската инвестивицона банка за финансирање на Проектот за заеднички железнички граничен премин - Табановце, сите по скратена постапка. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан