• понеделник, 23 декември 2024

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Скопје, 27 март 2023 (МИА) – Комисијата за употреба на историските имиња утре треба да има состанок и да достави извештај, по што ќе донесам соодветно решение, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, за тоа до каде е постапката со бугарскиот клуб „Цар Борис III“.

На брифингот со медиуми во Министерството за правда, денеска беше појаснето дека, првиот пат барањето било од самиот клуб, додека сега е од Централниот регистар и дека веќе е пуштено барање од Комисијата до Централниот регистар.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. аа/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан