• вторник, 11 јуни 2024

Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите

Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите

Стразбур, 25 мај 2024 (МИА)  -  Означувањето на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година е знак дека светот нема да ја сврти главата пред лицето на негирањето, дека ќе застане во одбрана на човековите права на жртвите и преживеаните, рече Комесарот за човекови права на Советот на Европа Мајкл О'Флаерти како реакција на резолуцијата усвоена во Генералното собрание на ОН.

О'Флаерти го повика Советот на Европа и неговите земји-членки секоја година да го одбележуваат 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година, објави кабинетот на комесарот.

„Меѓународните судови утврдија дека е извршен геноцид во Сребреница во 1955 година. Широкото негирање на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници во регионот на поранешна Југославија го загрозуваат владеењето на правото, мирот и социјалната кохезија“, се вели во изјавата на комесарот. зш/

Остани поврзан