• недела, 22 декември 2024

Командант на Хезболах убиен во израелскиот напад врз Бејрут

Командант на Хезболах убиен во израелскиот напад врз Бејрут

Бејрут, 20 септември 2024 (МИА) - Високиот командант на либанскиот Хезболах Ибрахим Акил денеска е убиен во израелскиот напад врз Бејрут, изјави извор близок до проиранската екстремистичка организација.

„Во израелскиот напад е убиен командантот на елитната единица Радван, Ибрахим Акил, втор по команда по Фуад Шукр, кој беше убиен во јули, исто така во упориштето на Хезболах во јужен Бејрут“, изјави анонимен извор, пренесоа израелските медиуми.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападот загинале најмалку три лица, а 17 се ранети.

Денешниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.

Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан