• четврток, 26 март 2026

Мерц ги повика Израел и Иран да се воздржат од ескалација и дестабилизација на регионот

Мерц ги повика Израел и Иран да се воздржат од ескалација и дестабилизација на регионот

Берлин, 13 јуни 2025 (МИА) - Израел има право да се брани, а Иран не треба да развива нуклеарно оружје, соопшти денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц и ги повика двете страни да се воздржат од ескалација и дестабилизација на регионот.

Мерц изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информирал во телефонски разговор утрово за израелскиот напад врз Иран.

Германскиот канцелар истакна дека Берлин тесно соработува со своите партнери, особено со Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан