• понеделник, 23 декември 2024

Колапс на системот за дистрибуција на електрична енергија во Нигерија

Колапс на системот за дистрибуција на електрична енергија во Нигерија

Абуџа, 14 септември 2023 (МИА) - Нигерските компании за дистрибуција на електрична енергија денеска известија за „тотален колапс на системот“, што предизвика широко распространет прекин на струја во најголемата африканска економија.

Производството на електрична енергија падна на нула во раните утрински часови и се искачи на 273 мегавати до 10 часот, што е сепак далеку под дневниот просек од 4.100 мегавати, покажуваат податоците на компанијата за дистрибуција на електрична енергија на Нигерија (TCN).

Снабдувањето со електрична енергија на мрежата е непредвидливо во Нигерија, главен производител на нафта и гас, што ги принудува домаќинствата и бизнисите да користат генератори на дизел и нафта.

Минатата година мрежите паднаа четирипати за што властите обвинија за технички проблеми.

Нигерија има 12.500 мегавати инсталирани капацитети, но произведува околу една четвртина од тоа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан