Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели Мицкоски
- Запрашан на што ја темели таа информација, Мицкоски рече дека ја темели врз основа на информациите со кои располага, не откривајќи други детали. -Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса, рече премиерот Мицкоски.
Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан за тоа кои се пратениците што го поддржуваат мнозинството во Парламентот.
-Дозволете ми малку да ве корегирам, јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и повеќе од 80 пратеника. Можеби имаме. Само кога ќе имаме потреба од 80 пратеника можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеника, изјави Мицкоски.
Запрашан на што ја темели таа информација, Мицкоски рече дека ја темели врз основа на информациите со кои располага, неоткривајќи други детали.
-Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот вчера во интервју за Косовската телевизија кажа дека владејачкото мнозинство можеби има и повеќе од 80 пратеници во Собранието. ев/ац/
Фото: МИА Архива