• недела, 28 април 2024

Ковачки од Штип: Со платформата „1.198“ ќе се развива истокот

Ковачки од Штип: Со платформата „1.198“ ќе се развива истокот

Штип, 20 април 2024 (МИА) - Носителот на листата за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во Изборната единица 3 Драган Ковачки од Штип порача  дека со платформата „1.198“ планираат да го развијат истокот. Ковачки истакна дека дел од проектите се доизградба на Клиничка Болница во Штип, како и поврзување на Штип со Струмица.

-Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се вклучуваат на идејата „ За твоја Македонија“ и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДГІМНЕ. Со платформата „1.198“ планираме да го развиваме истокот на Македонија, планираме изградба на Клиничка Болница во Штип, обиколница околу нашиот Штип и планираме физибилити студија и изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица. Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво. Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска – Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицковски и за Изборна единица 3, да освоиме голема победа за ВМРО-ДІПМНЕ и Макеоднија, изјави Ковачки.

ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова попладнево се низ градовите и населените места во Пијанечко-малешевскиот регион, а централниот митинг за кампањата за претседателските и парламентарните избори им е во 20:30 часот во Делчево.вдј/бт/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан