• понеделник, 18 ноември 2024

Ковачевски: Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС и спогодбите од Отворен Балкан го отворат патот на државата кон евроинтеграциите

Ковачевски: Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС и спогодбите од Отворен Балкан го отворат патот на државата кон евроинтеграциите

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Собранието денеска ратификува клучни закони, кои уште повеќе ќе го отворат патот на државата кон евроинтеграциите, објави вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

- Со изгласувањето на предложениот Закон за ратификација на Договорот за Фронтекс се ратификува првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија, на кој стои чист македонски јазик, без какви било додавки, заедно со сите други јазици во ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив. Се заокружува уште едно важно поглавје во однос на заштитата на нашите граници, безбедноста и стабилноста на државата, наведе Ковачевски во објавата.

Премиерот ја поздрави и ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието, со што, како што наведе, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без работни дозволи и какви било бариери.

Северна Македонија го потпиша Договорот со ФРОНТЕКС, а ќе добие и финансиска поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза. Сo ова, како што истакнаа по вчерашната средба, п

- Го подобруваме и менуваме животот на граѓаните, кои од нас очекуваат одговорност, истрајност и стабилност во преземање државнички чекори, додава премиерот Ковачевски во објавата.

Договорот за ФРОНТЕКС отвора можност за воспоставување заеднички операции на европската Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија. Со неговото влегување во сила се овозможува на барање на нашата држава да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со полициските службеници на Северна Македонија. Тоа, како што се наведува, ќе придонесе кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење, како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс.

Договорот за ФРОНТЕКС беше потпишан во присуство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината официјална посета на земјава. Од име на ЕУ параф ставија амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва, како претставник на тогашното чешко претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која беше дел од делегацијата на Фон дер Лајен, а од македонска страна министерот за внатрешни работи Спасовски.

Премиерот Ковачевски на самиот чин на потпишувањето наведе дека Договорот е потпишан на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и без додавки. 

- Овој договор, го потпишавме на македонски јазик, нема какви било додавки, нема никакви ѕвездички. Тоа е првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија на кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив. Со овој Договор ќе можеме заеднички да се справуваме со нелегалната миграција и заеднички да одговориме на предизвиците, но овој пат тоа ќе го правиме од нашата територија заедно со силите на Фронтекс. Со потпишувањето на овој документ се издигнува на врвно рамниште статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик. Овој чин нѐ прави горди сите нас, граѓаните на Република Северна Македонија, а особено нас Македонците, бидејќи на овој начин ја заокружуваме акцијата на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште, изјави тогаш Ковачевски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен. 

Европскиот парламент им препорача на повисоките тела на Европска Унија да бидат резервирани кон иницијативата Отворен Балкан, што ја покренаа политичките лидери на Србија, Албанија и Северна

Со договорите потпишани во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се овозможува отстранување на работните дозволи и слободен пазар на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија. Со  договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот,  им се овозможува да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација, пак,  предвидува пристап до електронските услуги на националните портали на трите држави  преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ за остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во тие држави.

Договорите беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија  Еди Рама. сп/

Остани поврзан