• четврток, 16 мај 2024

Ковачевски: Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ, Северна Македонија е сигурно на врвот

Ковачевски: Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ, Северна Македонија е сигурно на врвот

Берлин, 28 јуни 2023 (МИА) - Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш Северна Македонија е сигурно на врвот на таа листа, рече премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали е загрижен дека Украина би можела да ја престигне Северна Македонија во евроинтеграциите од политички причини, на заедничката прес - конференција во Берлин со неговиот домаќин канцеларот Олаф Шолц.

-Како држава имаме комплетно усогласена надворешна политика со ЕУ иако не сме членка, во однос на неоправданата агресија на Русија во Украина, и ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО и на политиката на пропирување на ЕУ. Што се однесува до динамиката на интергацијата во ЕУ сметам дека Северна Македонија е далеку пред голем број држави во однос на интеграцијата со европското законодавство, со европските практики и со европските институции. Ние веќе имаме 45 проценти од нашето законодавство хармонизирано со ЕУ, ние сме држава со најголема искористеност на ИПАРД фондовите од земјите кандиати, па дури и од некои земји членки. И затоа сметам дека ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш Северна Македонија е сигурно на врвот на таа листа, вели Ковачевски. вг/ев/

Остани поврзан