• четврток, 21 ноември 2024

Коалиција „Вреди“: Доста беа лаги, манипулации и безочно фамилијарно богатење

Коалиција „Вреди“: Доста беа лаги, манипулации и безочно фамилијарно богатење

Скопје, 22 септември 2024 

Во врска со денешното астрономско откритие на очајното раководство на ДУИ дека наводно ВМРО-ДПМНЕ ги пишувале соопштенијата на Коалицијата ВЛЕН, го соопштуваме следното: Изгледа во ДУИ ги измешале лончињата.
Ова не е периодот 2006-2017 кога ДУИ им робуваше на Груевски и Мијалков. Длабок очај е кога една партија која била власт 22 години ќе падне на дереџе да користи ваква аргументација за политички напад. Но, нема да оставиме простор нивните медиумски мегафони да трубат глупости.
Имено, со оглед на фактот дека комуницираме и со македонски медиуми, нормално е во Центарот за комуникации на ВЛЕН да имаме ангажирано лектори за уредување на нашите текстови. Во случај кога лингвистички се коригира еден текст, може да се јави потреба да се прави и во двете верзии.
Ако “крунски” доказ на ова криминализирано раководство на ДУИ е реченицата “преведи на албански” на крајот на македонската верзија на денешното соопштение, тогаш може слободно од политичка партија, да ги нарекуваме политички циркус.
Крајно време е Али Ахмети да се освести и да разбере дека во опозиција не го пратија македонските партии туку мнозинството Албански народ кој на изборите му рече - доста беа лаги, манипулации и безочно фамилијарно богатење!

Коалиција „Вреди“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан