• петок, 22 ноември 2024

Коалиција “ВЛЕН„: Дали ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз

Коалиција “ВЛЕН„: Дали ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз

Скопје, 13 март 2024
                          
Серија симптоматични потези на раководството на ДУИ заедно со Извештајот на ОДИХР за потенцијалните ризици за изборите, кој ќе биде тема во Австрија на средбата на Габриел Ескобар со ОБСЕ, ни дава за право основано да се сомневаме во намерите на очајните губитници, кои на 08 мај ќе треба после 20 години да се префрлат во опозиција. Еве ја хронологијата на крајно симптоматичните нивни ставови. Прво, Али Ахмети во февруари во Косово изјави дека сега не е време за Претседател Албанец. Второ, Артан Груби кога ДУИ стана свесен дека не може да најдат начин да спречат ВЛЕН да има претседателски кандидат, објави на фејсбук “Само Али Ахмети” , алудирајќи дека тој ќе биде нивен претседателски кандидат. Трето, кога Арбен Таравари објави дека станува претседателски кандидат на ВЛЕН, Али Ахмети се исплаши дека ќе биде поразен и одлучи да го жртвува Бујар Османи, со идејата за уставни измени за промена на изборот на претседател и воведување нова функција заменик претседател, како услов на ДУИ за било каква коалиција со Македонските партии. Потоа, на промоцијата на Бујар Османи на Кале, Али Ахмети излезе со четврта “пишман аџија” теза, односно го промовираше слоганот “Дојде време за првиот претседател Албанец”. Никогаш порано ДУИ не изгледал позбунето и поисплашено. Тргнувајќи од онаа народната “очајникот се фаќа за сламка”, земајќи го предвид Извештајот на ОДИХР кој прогнозира можна нестабилност и небезбедни избори, имаме основано право да се сомневаме дека ДУИ е подготвен да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз кој следи. Не смееме да занемариме дека претседателскиот кандидат на ДУИ до вчера беше Претседавач на ОБСЕ и имал или морал да има увид и да учествува во изготвување на овој Извештај. ДУИ нема право да зборува за Прв претседател Албанец бидејќи наместо да го подржи Арбен Таравари одлучи да се обиде да ја саботира можноста тоа да се случи сега, веднаш во 2024. Никој не може да застане на патот на промените кои ги посакува Албанскиот народ и тие ќе се случат. ВЛЕН ќе формира Влада, победата е сигурна. Апелот до граѓаните е масовно да гласаат и да изберат 20 пратеници на ВЛЕН за да го направиме тоа што ДУИ не успеа да го направи за 20 години владеење.  Ние ќе бидеме клучен фактор за исполнување на полноправно членство во ЕУ и гарантор за стратешкиот колосек на државата. А за сите корупциски скандали на дел од раководството на ДУИ следи одговорност. 

Коалиција “ВЛЕН„

Фото: Коалиција “ВЛЕН„

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан