• петок, 03 мај 2024

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Ливерпул, 25 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го прокоментира поразот на неговиот тим од 0:2 во градското дерби против Евертон синоќа. Поразот од „карамелите“ значи дека „црвените“ речиси сигурно испаднаа од трката за титулата.

-Не знам како да го коментирам резултатот од натпреварот, можам само да им се извинам на навивачите за денеска. Требаше да се справиме подобро, но не направивме. За жал, Арсенал и Манчестер Сити ќе мора да имаат многу лоши денови за да ја освоиме титулата. Знаете, гледав само пет минути од вчерашниот натпревар против Арсенал и си помислив „Добро, доста ми е“... Вистината е дека борбата за титулата во моментов не е во наши раце, единствено што можеме да направиме е да ги добиеме сите натпревари, изјави Клоп.

Во моментов тимот е на второто место во англискиот шампионат, а во случај на евентуална победа на шампионот Манчестер Сити против екипата на Брајтон вечерба, „црвените“ ќе паднат на третата позиција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан