• сабота, 21 декември 2024

Ф1: Цунода три часа испрашуван на американската граница пред трката во Лас Вегас

Ф1: Цунода три часа испрашуван на американската граница пред трката во Лас Вегас

 

Лас Вегас, 21 ноември 2024 (МИА) – Јапонскиот возач во Формула 1, Јуки Цунода (24) изјави денеска дека речиси три часа бил испрашуван од американските царински службеници пред да му дозволат да влезе во земјата за да настапи на трката за Големата награда во Лас Вегас.

Јапонскиот возач им кажа на новинарите дека годинава немал проблеми да влезе во САД, за трките во Мајами и Остин.

„За среќа, ме пуштија да си одам по некои разговори. Всушност, тоа беа долги разговори. За малку не ме испратија дома“, рече Цунода.

Јапонскиот возач на Ред Бул наведе дека патувал со својот физиотерапевт, но морал сам да помине низ одделот за имиграција и бил одведен во соба за испрашување и покрај тоа што имал валидна документација.

„Бев во пижами, па можеби не изгледав како возач на Формула 1“, додаде Цунода.

Јапонецот во моментов е 11-ти во поредокот на возачи по 21 трка оваа сезона, во која осум пати заврши во топ 10.

Сезоната во Формула 1 продолжува со тркачкиот викенд во Лас Вегас, а трката е закажана за в недела во 7 часот по средноевропско време. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан