• недела, 12 мај 2024

Клоп по поразот од Арсенал: Противникот во многу елементи беше подобар

Клоп по поразот од Арсенал: Противникот во многу елементи беше подобар

Лондон, 4 февруари 2024 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека Арсенал заслужено ги освои бодовите на денешното дерби во 23. коло од англиската Премиер лига.

„Топчиите“ славеа со 3:1 покажувајќи моќ против лидерот.

- Честитки за Арсенал. Денес не бевме доволно добри. Би сакал резултатот да останеше 1:1 подолго. Најдовме начин да се вратиме во игра. Во вториот дел имавме шанси, но примивме гол. Не ни одеше најдобро. Таков гол [на Мартинели] само покажува дека и нашите фудбалери се луѓе. И денес навистина бевме само луѓе. Противникот постигна неколку голови и во многу аспекти изгледаше подобро од нас. Треба да играме подобро, тоа е очигледно. Дали беше фер исклучувањето на Конате. Не е сигурно. Но и без него губевме со 1:2, изјави главниот тренер на Ливерпул.

По овој натпревар Ливерпул остана на 51 бод на првата позиција, Арсенал е втор со 49, трет е Манчестер сити со 46 бода , но и два натпревара помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан