Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс
- Казахстанката Елена Рибакина ноќеска ја победи Украинката Елина Свитолина во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД.
Индијан Велс, 14 март 2026 (МИА) - Казахстанката Елена Рибакина ноќеска ја победи Украинката Елина Свитолина во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД.
Во меч што траеше 1 час и 47 минути, 26-годишната Казахстанка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки.
Свитолина сервираше шест аса, направи осум двојни грешки и реализираше две од девет брејк топки.
Во финалето, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА