• вторник, 25 јуни 2024

Кит забележан во Јадранско Море, апел до туристите и до локалното население да не му приоѓаат

Кит забележан во Јадранско Море, апел до туристите и до локалното население да не му приоѓаат

Мљет, 10 јуни 2024 (МИА) – Претставници на националниот парк Мљет денеска соопштија дека добиле повеќе пријави дека во каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник е виден кит.

Тие изјавија дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи.

Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку го видат китот, да не му приоѓаат со чамци. јт/

Фото: Национален парк Мљет

Остани поврзан