• среда, 23 октомври 2024

Путин телефонски разговарал со претседателот на Бразил, Лула да Силва

Путин телефонски разговарал со претседателот на Бразил, Лула да Силва

Москва, 22 oктомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека имал телефонски разговор со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој не пристигна на самитот на БРИКС поради повреда на главата со која се здоби во саботата.

Путин рече дека бразилскиот лидер му рекол дека планира да учествува на самитот преку видео врска.

„Само што го завршив разговорот со претседателот на Бразил, г-дин Лула, како што знаете, тој мораше да остане дома, многу му е жал што не можеше да дојде лично, тој има намера да работи со нас утре преку видео конференција, рече Путин на средбата со лидерот на Република Кина, Си Џинпинг. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан